За Нас

Почетоците се во далечната 1995год. Скромно, но визионерски се започна со една машина и со само неколку работни позиции. Оттогаш па се до денес, во континуитет се работеше на квантитативно и квалитативно проширување на компанијата како и на асортиманот на услуги и активности кои ги нудиме на пазарот.

Денес СКИПИ ДООЕЛ БИТОЛА е препознатливо име во сферата на градежништвото. Врвниот квалитет и на изведените работи и постигнувањето на високи технички стандарди во склад со зацртаните рокови и законските прописи и нормативи е она по што не препознаваат нашите соработници и клиенти.

Висока стручна подготвеност и способност, оперативна и техничка професионалност и одговорност во работата – тоа се основните принципи и начела врз кои се темели и функционира работењето на СКИПИ ДООЕЛ БИТОЛА.

Компанијата во целост е посветена на квалитетот како систем на работа и каде управувањето со аспектите на заштита на животната околина и безбедноста при работа се од највисоко значење.. Од 2012 год. успешно се имплементираа и се воведоа ИСО системите:

  • EN ISO 14001:2004 – Систем за управување со животна средина
  • EN ISO 9001:2008 – Систем за управување со квалитет
  • OHSАS 18001:2007 – Систем за управување со безбедност и здравје при работа

Полека, но сигурно и на здрави темели, СКИПИ ДООЕЛ БИТОЛА заедно со своите вработени, соработници и клиенти ја гради својата иднина.

Нашата Визија е да бидеме секогаш чекор пред Вашите барања и идеи.

Сертификати:


Лиценци:

Нашиот колектив: